Заврши една убава приказна, Педроса по 18 години си заминува од Хонда

dani-pedrosa-argentina-action-motogp-2018

Од таборот на Мото ГП тимот на Репсол Хонда потврдија дека ќе се разделат со Дани Педроса по крајот на тековната сезона.

Јапонскиот тим се реши на ваков потег по слабите настапи на Шпанецот оваа сезона и уште сега се впушти во потрага по нов тимски колега на Марк Маркез.

Педроса беше дел од тимот на Хонда цели 18 години, од кои во последните 13 години константно беше дел од Кралската класа. Три пати завршувал како вицешампион, а победил на 31 трка во својата кариера.

-Сакам да се заблагодарам на Хонда за сите овие години исполнети со успеси. Тука не пораснав само како возач, туку и како човек. Секогаш ќе го имам тимот на Хонда во моите сеќавања и во моето срце. Во животот на сите ни се потребни нови предизвици, а јас мислам дека е време за промена. Ви Благодарам- истакна Дани Педроса.

Facebook Коментари