Поврзете се со нас

Шпанија

„Заушката“ на Белингам која предизвика хаос на теренот во Џеда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид го одработи својот дел од задачата и се пласираше во големото финале на шпанскиот Суперкуп, триумф со кој закажа „Ел Класико“ дерби во Саудиска Арабија.

„Кралевите“ влегоа како апсолутни фаворити со Мајорка, но го оставија ривалот во игра до самата завршница, но двата гола во судиското продолжение на крајот направија Реал да го заврши мечот со убедлива победа.

По третиот гол кој беше дело на Родриго, Џуд Белингам реши да му подели низа „заушки“ на Пабло Мафео кој одново во текот на мечот водеше „војна“ со Винисиус Жуниор, а неговиот обид да се исмева со ривалот направи да видиме вистински хаос на теренот.

Страстите на теренот не завршија со последниот судиски свиреж, па во големата мешаница се вклучи и Карло Анчелоти кој како по обичај беше миротворец.

Тренерот на Реал ги смируваше страстите и го испрати Мафео кон соблекувалната, а заедно со уште неколку совесни претставници спречи хаосот да добие уште полоша слика.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни