Затоа тенисот е џентлменски спорт: Дел Потро се испружи на тревата, Надал со еден гест ја воодушеви и ја крена на нозе публиката на Вимблдон (Видео)

rafa-del po

Рафаел Надал по голема борба која траеше скоро пет часа успеа да слави над Хуан Мартин Дел Потро и да обезбеди полуфинале на Вимблдон каде ќе се соочи со стариот и добар ривал Новак Ѓоковиќ.

Натпреварот освен што понуди вистински спектакл за сите љубители на белиот спорт истиот и заврши во голем стил со спортски потег на Надал кој изнуди овации, аплаузи и воздушки од сите присутни гледачи. По последниот поен Шпанецот го мина своето поле и се упати кон противникот кој беше испружен, исцрпен по големата борба. Следуваше вистински спортска и пријателска прегратка на двајцата големи асови за големо задоволство на навивачите. Погледнете го видеото и се ќе ви стане јасно.

Facebook Коментари