Поврзете се со нас

Германија

Затоа се број еден: Капитенот Нојер го построи Левандовски при водство од 4-1 (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен е актуелен германски, европски и светски шампион, а зошто е тоа така потврди на вчерашната осминафинална средба против Лацио во Лигата на шампионите каде му одржа вистинска лекција на калчолишот на „Олимпико“.

Баварците победија со 4-1 и веќе имаат отворен пат за место меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Во таборот на Баерн се одлично функционира и дури кога има многу отсутни (повредени/заразени од коронавирусот), а причината за тоа е многу јасна-колективот, екипата е над се и е број еден.

Уште еден доказ за тоа е вчерашната ситуација од 76 минута кога при резултат од 4-1, капитенот Мануел Нојер го построи напаѓачот Роберт Левандовски. Полјакот беше далеку од казнениот простор при еден корнер на Лацио, па Нојер веднаш реагираше и го повика напаѓачот да се врати во одбраната и да помогне.

Роберт тоа го направи и даде аплауз за капитенот затоа што мора постојано да се остане фокусиран без разлика на резултатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни