Поврзете се со нас

Европски првенства

Заткулисниот материјал на „Раи“ открива: Италијанците посебно стравувале од една репрезентација

Објавено

на

Познатата италијанска телевизија „Раи“ го емитува мини документарецот посветен на неодамна освоената титула на Европското првенство, успех за кој сега одблиску се прикажаа и некои моменти кои се случувале во позадина и кои привлекоа посебен интерес во јавноста.

Филмот насловен „сонот на аѕурите“ ни откри интересни и непознати детали од соблекувалната и од самиот терен, па иако првично главниот фокус беше ставен на финалето против Англија, вреди да се напомене дека самите Италијанци посебно стравувале од ривалот во полуфиналето.

Роберто Манчини во својот говор пред дуелот со Шпанија им порачува на своите играчи дека на натпреварот со „фуријата“ играат за титулата на Европското првенство, а играчите се надоврзуваат пред и по натпреварот со свои изјави поврзани за историјата на овие две селекции.

– Шпанија ни подари многу непроспиени ноќи и многу разочарувања во минатото, – порачува капитенот Кјелини пред полуфиналето, а по славјето на пенали, признава дека Шпанците биле многу доминантни во добар дел од мечот.

– Од 60-та до 90-та минута не можев да притискам повеќе, едноставно не можев. Немаше никаква пауза во играта и постојано инсистираа, – вели Кјелини, а напаѓачот Имобиле вели дека минал и полошо.

– Цели 60 минути трчав зад топката и ниту еднаш не ја допрев….., – порачува напаѓачот на Лацио во емитуваниот материјал од „Раи“, додека убедливо најкомичниот коментар еден ден по полуфиналето го дава играчот за врска Песина.

– Го сонував Бускетс, мислев дека е со мене во креветот, – со насмевка се шегува играчот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни