Застреланиот фудбалер Јанушев им подлегнал на повредите

Topka Fudbal

Фудбалерот Мартин Јанушев го загуби животот откако денеска е застрелан со огнено оружје во скопската населба Аеродром.

Јанушев бил погоден со неколку куршуми во пределот на вратот и главата и иако веднаш е пренесен во болница, лекарите не можеле да сторат ништо за да го спасат неговиот живот.

– Во врска со лекарскиот третман на застреланото лице во Аеродром информираме дека лицето било донесено во болницата Св Наум Охридски без знаци на живот. И покрај тоа , докторите се обидувале да го реанимираат лицето 40 минути но безуспешно“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

МВР трага го убиецот чиј напад во еден ресторан беше кобен за 25-годишниот Јанушев кој во својата кариера има настапувано за неколку македонски клубови.

Facebook Коментари