Застрелан водач на „Гробарите“ кој учествуваше во убиството на француски навивач

grobari1

Српските медиуми вечерва објавија дека во Белград е застрелан еден од водачите на навивачката група на Партизан која е позната како „Алкатраз“.

Љубомир Марковиќ Кича имал 37 години, а бил застрелан ладнокрвно со два куршума во главата и тоа на бензинска станица во една од белградските населби.

Присутните слушнале осум истрели, Марковиќ се обидел да побегне од напаѓачот, но сепак не успеал да се спаси бидејќи бил ранет, а потоа бил усмртен со два истрела. Полицијата пронашла оружје и кај жртвата.

Марковиќ беше познат како еден од навивачите на Партизан кои го усмртија навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон кој беше брутално убиен во Белград. Првично доби 30-годишна, а потоа 15-годишна затворска казна, за да излезе од затвор во 2017 година.

Facebook Коментари