Поврзете се со нас

Европски првенства

Застрашувачка традиција: Шпанија никогаш не го победила домаќинот на ЕП и СП

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанската фудбалска репрезентација досега прикажа квалитетен, офанзивен и ефикасен фудбал и ќе се обиде да го продолжи настапот на ЕП и по дуелот со домаќинот Германија.

Но, покрај фактот што против себе ќе го имаат досега најквалитетниот ривал на ова првенство, Шпанците ќе се борат и против традицијата која не носи оптимизам кај фановите.

„Црвената фурија“ досега ниту еднаш не успеала да го победи домаќинот на некое големо натпреварување, а последен пат тоа се случи на СП во 2018 година, кога Шпанците загубија на пенали од Русија.

Негативната традиција започнала уште на СП во 1934 година, кога Шпанците на контроверзен начин загубиле од домаќинот Италија, продолжила на СП во 1950 година, а потоа по долга пауза на ЕП во 1980 година и ремито со Италија.

Шпанците беа блиску до трофеј на ЕП во 1984 година, но во финалето загубија од тогаш доминантните Французи предводени од Мишел Платини. На ЕП во 1988 година, Шпанија е совладана од Германија во групната фаза, а во 1996 година од Англија во четвртфиналето на ЕП. Лоши спомени Шпанците имаат и од 2004 година, кога домаќиот Португалија славеше со 1:0 со голот на Нуно Гомеш, а „фуријата“ не ја помина групата.

Фановите го паметат и контроверзниот дуел против Јужна Кореја во 2002 година, на кој на Шпанците им беа поништени два гола, а потоа загубија на пенали од кодомаќинот на мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни