Поврзете се со нас

Шпанија

Засилувањето од Барселона ги стопли фановите на Челси со мајсторија на -10 степени (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси е апсолутен фаворит за освојување на титулата во Конференциската лига, а денеска запиша петта победа на исто толку одиграни натпревари.

Иако игра со втор тим на овие натпревари, менаџерот Енцо Мареска мајсторски успева да го извади најдоброто од сите кои добиваат шанса, па така денеска клучен играч беше засилувањето од Барселона.

Марк Гију постигна два гола во победата од 1:3 против Астана, а натпреварот во Казахстан беше одбележан и од тоа што се играше на минусни температури.

Поради ладното време, натпреварот почна во 16:30 часот, но талентираниот Гију се погрижи да се стоплат навивачите на Челси кои допатуваа во Казахстан, бидејќи режираше вистинска мајсторија при акцијата за 0:1.

Талентираниот фудбалер го постигна и вториот гол за 0:2, а Веига беше тој кој погоди за 0:3. Пред крајот на првиот дел, Астана се врати во игра со гол за 1:3, но тоа беше се што направи на овој натпревар.

Одличниот гол на Гију погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни