Засилувањето на Сити за кое Пеп силно инсистираше: Натпреварите во Премиер лигата ги завршувам мртов

rodri-kun

Манчестер Сити не купуваше премногу во изминатиот летен преоден рок, но сепак доведе едно засилување кое се издвојува од сите останати, а секако станува збор за фантастичниот Родриго за кого Пеп Гвардиола ги натера одговорните луѓе на клубот да го одврзат ќесето.

Популарниот Родри мина само една сезона во Атлетико Мадрид во која се докажа како еден од најдобрите деструктивци во лигата, а тоа беше доволна препорака за Пеп да направи брзопотезен потег, со цел да го доведе во Сити пред да „загризаат“ останатите големи клубови. Гвардиола навистина инсистираше на негов ангажман и го принуди Сити да ја ислпати неговата откупна клаузула вредна 70 милиони евра, па како што можеше да се очекува, Родри експресно се претвори во незаменлив стартер во системот на шпанскиот стручњак.

Дваесет и тригодишниот играч за врска се уште не е комплетно адаптиран на условите во Премиер лигата, а призна дека разликата во стилови меѓу шпанската Примера и англиската Премиер лигата ја почувствувал уште во воведните кола.

– Неверојатно е за мене што во толку краток период можев да работам со Симеоне и Пеп. Научив многу работи и од двајцата и не можам да кажам од кого што точно. Сепак, мора да заклучам дека ми изгледа дека многу повеќе трчам во Премиер лигата. Атлетико важи за тим кој неверојатно трча, но во Сити натпреварите ги завршувам мртов, – признава Родриго во итервјуто за „Ел Паис“.

Facebook Коментари