Поврзете се со нас

Германија

Засилување за клучниот дел од сезоната: Чаби Алонсо си договори трансфер од Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен не можеше да замисли подобро отворање на вториот дел од сезоната, бидјеќи покрај двете победи кои ги забележа, дочека и нов кикс на главниот ривал за титулата, Баерн Минхен.

„Фармацевтите“ играат неверојатна сезона под водство на Чаби Алонсо и тимот на Шпанецот се уште не знае за пораз после 18 одиграни кола, но тренерот на Леверкузен не сака да се задоволи и покрај извонредните резултати, па побара клубот да биде активен на трансфер пазарот.

Лидерот во Бундеслигата е во напредни преговори за претставување на големо засилување од Шпанија, напаѓачот на Бетис кој веќе неколку сезони има добри партии во Ла Лига.

Борха Иглесијас ги договорил сите детали за премин во Леверкузен и германски „Скај“ ексклузивно пренесе дека зделката е веќе договорена, а брзо потврда пристигна и од Шпанија.

Угледната „Марка“ се надоврза и само излезе со надополнување на овој трансфер, во кој ќе биде вклучена и откупна клаузула од 8 милиони евра на крајот од сезоната.

Иглесијас ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, по што „фармацевтите“ ќе можат да го откупат за скромна сума на пари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни