Поврзете се со нас

Италија

Засилување од Премиер лигата: Елмас добива нов соиграч во Наполи

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Наполи загуби доста искусни и квалитетни имиња по минатата сезона и во овој летен преоден рок, па повеќе од јасно е на клубот му се потребни нови играчи кои ќе помогнат екипата да остане конкурентна и при самиот врв во Серија А.

Наполитанците веќе се на добар пат да компелтираат еден трансфер и тоа од Премиер лигата од редовите на Тотенхем. Се работи за францускиот интернационалец Тангуј Ндомбеле кој не е во плановите на Антонио Конте, па набрзо може да стане соиграч на нашиот Елиф Елмас.

Информациите се дека двете страни се блиску до договор, позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.

Ндомбеле е играч од средината на теренот, играч кој беше одличен во Лион, но потоа се соочи со доста проблеми и пад во формата по преселбата во Лондон. Сега ова е нова можност да си ја врати кариерата на вистински пат, но и секако шанса со квалитетни партии да избори место и во француската селекција за престојното СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни