Поврзете се со нас

Мото ГП

Зарко пропушти нова шанса, Бањаја славеше на Силверстоун

Објавено

на

Foto:twitter.com/ducaticorse

Трката за Големата награда на Британија во Мото ГП традиционално ни донесе огромни возбудувања, но и голем број престигнувања кои на крајот резултираа со комплетен измешан распоред од оној кој го видовме на стартот.

Жоан Зарко кој ја освои пол-позицијата пропушти уште една шанса да стигне до победа, бидејќи падна како водечки и им препушти на останатите возачи да се борат за првото место.

Пеко Бањаја беше доста резервиран на почетокот и беше на петтото и четвртото место, но како што одминуваше трката, влезе во посакуваниот ритам и откако во два наврати си разменија позиции со Вињалес, изби на првото место.

Во еден момент, Бањаја и неговиот колега Милер имаа еден-два за Дукати, но сепак расположениот Вињалес не дозволи двојно славје на Италијанците и заврши како втор пред Џек.

Бањаја со новата победа влегува посериозно во трката за шампионската титула, бидејќи Фабио Квартараро кој денеска отслужи и казна со „подолг круг“, заврши само осми.

Алеиш Еспаргаро немаше свој ден и заврши деветти, па така Квартараро ја зголеми предноста во генералниот пласман на 22 бода. Со новиот триумф, Бањаја влезе под границата 50 бода и сега има 49 бода помалку од актуелниот првак како третопласиран на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни