Поврзете се со нас

Мото ГП

Зарко откри дека имал десетминутно соочување со Роси по инцидентот кој можеше да го усмрти „Докторот“ (Видео)

Објавено

на

Жоан Зарко се најде на удар од цела мото јавност по вчерашниот страшен инцидент во Австрија, по кој вистинска среќа е што немаше ниту една жртва на патеката, бидејќи Маверик Вињалес и Валентино Роси и погледнаа на смртта во очи, особено овој вториот ако се знае колку блиску до него мина мотоциклот на Морбидели.

Еден неприроден потег на Зарко пред кривината број 3 направи Морбидели да се забие во него, по што нивните мотоцикли летаа во воздухот како залутани куршуми, па вистинска среќа е што оној на Италијанецот не го погоди Валентино Роси.

„Докторот“ имаше многу среќа и самиот призна дека вчера бил чуван од светецот на мотоциклистите, а потоа додаде дека и во наредните неколку дена ќе мора да се помоли, бидејќи она што го преживеа на патеката беше вистинско чудо. Покрај ова, Вале беше исклучително жесток кон Зарко и порача дека Французинот намерно притиснал на сопирачките во дуелот со Морбидели, но уште побрутален беше Франко кој го нарече возачот на Дукати „полу-убиец“.

Тешките зборови од Роси и Морбидели секако се најдоа во прв план, но Зарко сега открива дека имал соочување со двајцата, од кое она со Валентино било доста подолго.

– Најважно од се е тоа што Валентино и Франко не се повредени, веднаш се заинтересирав за нивната состојба. Морбидели беше со мене во медицинскиот центар, разговаравме за инцидентот и потоа се прегрнавме, – открива Зарко и додава.

– Потоа, зборував и со Вале, имавме разговор кој траеше 10 минути. Разговарав со нив искрено и се обидов да им објаснам дека не сум лудак кој се качил на мотоцикл. Навистина многу ми е жал за тоа што се случи, среќа е што никој не е повреден. Побарав прошка за тоа што се случи, здравјето е пред се, – изјави Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни