Поврзете се со нас

Мото ГП

Зарко доби казна поради предизвиканиот инцидент во Австрија

Објавено

на

Жоан Зарко беше во главна улога во инцидентот кој можеше да предизвика и посериозни последици на Мото ГП трката во Австрија, а стјуардите сега ја соопштија и казната за тоа што се случи на „Ред Бул Ринг“.

Французинот ќе стартува од боксот на следната трка која исто така ќе се вози во Австрија, а оваа казна е донесена откако стјуардите ги евалуирале изјавите на Зарко и Франко Морбидели, кој беше директно инволвиран при судирот со ривалот од тимот на Авинтија Дукати.

Инцидентот подигна голема прашина поради фактот што останатите учесници на трката директно го посочија Зарко како виновник со своето неодговорно возење, а мотоциклите кои летаа по патеката можеа серизно да ги повредат Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Зарко истовремено заработи и фрактура на раката, па по направениот оперативен зафат јасно е дека ќе ги пропушти тренинзите во петок. Подоцна ќе биде решено дали ќе учествува во квалификациите и на трката.

Во моментов, во генералниот пласман води Фабио Квартараро со 67 поени, пред Андреа Довициозо кој има 56 и Маверик Вињалес кој е трет со 48 поени.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни