Поврзете се со нас

Свет

Заре Марковски се раздели со Пистоја по неполни два месеци

Објавено

на

Foto:instagram.com/pistoiabasket2000

Заре Марковски пред 50 дена се врати на големата сцена и потпиша договор со италијанскиот прволигаш Естра Пистоја, но оваа кратка приказна денеска го доби својот крај.

Искусниот македонски стручњак беше назначен за шеф на стручниот штаб на 6-ти ноември, меѓутоа тимот за жал претрпе шест последователни порази во низа под негово водство, нешто што резултираше со прекин на соработката.

Италијанскиот клуб вечерва ја извести јавноста дека  дошло до обострана согласност за прекин на соработката, па така поранешниот македонски селектор сега повторно е слободен агент.

Естра Пистоја во официјалното соопштение извести дека клубот веќе и ја договорил замената за Марковски, а тоа ќе биде Гашпер Окорн, селекторот на унгарската репрезентација.

Искусниот Словенец веќе пристигнал во клубот, но поради средување на документацијата ќе мора да почека за деби до наредната недела.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни