Поврзете се со нас

Светски првенства

Зарабец откри дека Словенците се мотивирани: Сакаме да им ја расипеме забавата на Хрватите

Објавено

на

Фото: https://x.com/rzs_si

Словенечката ракометна репрезентација нема да игра во четвртфиналето на Светското првенство, но максимално мотивирано се подготвува за вечерашниот дуел со соседот Хрватска.

Избраниците на Урош Зорман го загубија клучниот дуел со Египет, но вечерва во полната арена во Загреб посакуваат да го шокираат кодомаќинот на СП и да го повлечат со себе во групата селекции кои ќе се најдат надвор од Топ 8 друштвото.

– Ова се најубавите натпревари, играњето без притисок е најдобро нешто за секој спортист.

– Ако ништо друго, барем ќе уживаме во натпреварот, а се надевам дека ќе ги оставиме и Хрватите без четвртфинале. Влегуваме во овој натпревар со една цел, да им ја расипеме забавата на соседите. За нас ова е како натпревар за медал, играме за нашата чест, – рекол искусниот Миха Зарабец.

Натпреварот Хрватска-Словенија се игра вечерва од 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни