Поврзете се со нас

Свет

Запуштениот Балотели ги шокираше фановите со својот физички изглед (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели направи тримесечна пауза поради повреда на коленото и тоа се одрази врз резултатите на Адана Демирспор, тим кој веќе десет натпревари не знае за победа.

Адана е на десеттото место на табелата и е сигурна кога е битката за опстанок во прашање, но ниту враќањето на Балотели не го извади тимот од катастрофалната низа и последно одигра 3:3 со Аланијаспор.

Ова беше втор настап за „Супер Марио“ по тримесечната пауза, која дефинитивно влијаела доста лошо и врз физичката состојба на поранешниот италијански репрезентативец.

Турските новинари забележаа дека Балотели е доста запуштен кога се килограмите во прашање и е далеку од посакуваната форма, а тоа може да се заклучи и од видеото кое стана вирално.

Марио има очигледен вишок на килограми и пуштениот стомак сигурно нема да придонесе за полесно движење на теренот, па со ваква состојба сигурно нема да го премисли Лучијано Спалети кој го продолжи трендот на Манчини и го изоставува напаѓачот од репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни