Запрен во четвртфиналето: Јотовски не успеа да направи уште едно изненадување во Ровињ

tomi jotovski

Најквалитетниот македонски рекет, Томислав Јотовски го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Ровињ (Хрватска) што се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Јотовски немаше сили за уште едно изненадување и соборување на нов носител на турнирот, па во четвртфиналето доживеа пораз од домашниот тенисер, Мате Делиќ (петти носител) со 2-0 во сетови. Дуелот траеше еден час и 6 минути, првиот сет донесе поголема борба и заврши со 6-3 за Хрватот, додека во вториот фаворитот беше доминантен и славеше со 6-1.

Да потсетиме Томи дојде до осумте најдобри, откако го победи Бразилецот, Бруно Сант ‘Ана и првиот фаворит на фјучерсот, Зденек Колар од Чешка.

Facebook Коментари