Запомнете го името: 16-годишниот талент на Рен ги посрамоти ѕвездите на ПСЖ (Видео)

kamavinga

Рен успеа да направи фантастичен пресврт и да оствари победа која експресно предизвика бура од реакции во француската спортска јавност, бидејќи тимот предводен од Жулиен Стефан ги победи актуелните и неприкосновани шампиони.

ПСЖ имаше предност од 0:1, но домаќините сосема заслужено израмнија, а уште позаслужено го комплетираа пресвртот за 2:1 со кој му го нанесоа првиот тежок удар и сезонски пораз на составот од француската престолнина. Стрелци на погодоците беа Нианг и Дел Кастилјо, но сепак, во хит број еден се издвои суперталентираниот Едуардо Камавинга. Станува збор за 16-годишен фудбалер кој го имаше својот трети настап во Лига 1, а дека се работи за неверојатен потенцијал ни докажа со партијата која ја имаше.

Камавига е роден во Ангола и поседува квалитети и самодоверба како цели 10 години да игра во елитното друштво во Франција, а покрај тоа што им делеше лекции на ѕвездите на ПСЖ на средината на теренот, неговите статистички бројки се само дополнителен доказ за брилијантното издание. Едуардо имал 98 проценти точни пасови на натпреварот, 60 пати ја допрел топката, над него биле направени 6 прекршоци, имал три успешни стартови, 2 пати шутнал и забележа една од асистенциите за двата гола.

Facebook Коментари