Шах
Започнуваат шаховските турнири низ регионот!

Со олеснувањето на мерките во борбата со пандемијата од коронавирусот, се преоѓа во фаза на таканаречена нова реалност каде што сите досегашни практики ќе мора да поминат низ ревидирана процедура и борбата со непријателот на човештвото да се води од терен, наместо од домашниот карантин.
Македонската влада на својата 57. седница од 26 мај донесе одлука според која „од 1 јуни 2020 година, да престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности“, а тоа да биде придружено со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и така натаму;
По првото интернет првенство во шах со брзо темпо (блиц), следува враќање во нормала и спасување на настаните од календарот кои беа предвидени за оваа година. Веќе измина терминот за организација на Затвореното државно првенство, а следно кое требаше да се случи во јуни беше поединечното младинско првенство. Уште еднаш се покажува во пракса дека одлагањето на младинското првенство за крај на школската година е погрешна тактика, бидејќи е блиску до европското првенство на кое треба да се испратат поединечните шампиони, за разлика од соседните земји кои го одржаа во првите денови од новата година.
Претседателот на ШФМ во изјава за „Дерби“ по повод организираното интернет првенство кажа дека најверојатно прва активност ќе биде одигрување на Втората лига во почетокот на јули. Во меѓувреме, низ регионот веќе се закажуваат датуми за турнири и ако не се реагира брзо со ревидирање на македонскиот календар на настани, може да се случи нашите шахисти да бидат „осудени“ да играат – само во странство.
Веќе е активен расписот за турнирот „Приморско Опен“ во Бугарија кој започнува на 15 јуни. Организаторите од клубот „Ан Пасан“ најавуваат дека ќе се игра без гледачи, а меѓу мерките на претпазливост се наведени и мерење на телесна температура секој ден пред почеток на колото, односно пред влезот во салата за игра. За играчите се предвидува користење на заштитни маски и ракавици. Меѓу официјалните лица ќе има и доктор на турнирот.
“Дерби” го контактираше и организаторот на шаховскиот фестивал во Параќин, Саша Јевтиќ, кој потврди дека се работи на одржување на уште едно издание на оваа манифестација во текот на месец јули.
– Ние најпрво го откажавме настанот, но откако дојде до подобрување на ситуацијата, почнавме да размислуваме сепак да успееме да се организираме до јули. Во првите денови на јуни очекуваме да објавиме детален распис. Што се однесува до мерките за безбедност, во план ни е само да има повеќе растојание меѓу масите за играње, додека носењето маски ќе биде само препорака, а не и обврска. Покрај тоа, ќе се почитуваат и мерките на пртпазливост кои ќе бидат наложени од страна на Министерството за здравје на Србија,- изјави Јевтиќ.
Во овој момент во Македонија најмногу откажани турнири има меѓу оние наменети за помладите, бидејќи пред државното првенство беа најавени редовните меѓународни турнири „Наум Наумовски Борче“ и „Квалитет“. За почетокот на јули беше најавен и меѓународниот турнир „Етно село“ крај Куманово. Ако се знае декa претходно редовниот турнир за оваа година во организација на ШК „Ласкер“ од Охрид беше откажан, станува јасно дека сезоната во младинскиот шах е комплетно загубена ако не се преземат итни чекори.
Сето ова става акцент на македонските организатори на турнирите кои по денешната објава за укинување на полициски час, како и изготвување на протоколи за работа на хотелските и угостителските објекти кои се отвораат од четврток, 28 мај, со што се создаваат и услови за враќање на шаховските турнири во земјава. Согласно препораките на Министерството за здравје и останатите релевантни институции, ќе мора да се преземат мерки на претпазливост и заштита како и во секој друг домен, затоа што новата реалност го налага тоа. Се друго е барање на оправдание!
Александар Табаковски
-
Лига на нации20 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)