Поврзете се со нас

Шпанија

Заокружена најважната мисија: Барселона со специјална слика ја потврди замената за Бускетс (Фото)

Објавено

на

Фото: twitter.com/FCBarcelona

После Ињиго Мартинес и Илкај Гундоган, Барселона ова утро го потврди и третото летно засилување, а во ситуацијата станува збор за уште еден играч за врска со кој е завршена најважната мисија.

Чави постави како приоритет ангажман на двајца нови играчи за врска по заминувањето на капитенот Серхио Бускетс, па по Гундоган, како директна замена за „Буси“ сега доаѓа Ориол Ромеу.

Тренерот на Барса доби нова „5-ка“ во својата стратегија, а околностите на трансфер пазарот и финансиската состојба на клубот направија каталонскиот великан да се одлучи за најевтината опција.

Иако своевремено се споменуваа и опции како Кимих и Брозовиќ, Барселона во овој момент можеше да си го дозволи само Ромеу, за кого ќе бидат исплатени 4 милиони евра на Џирона.

Ромеу ставил потпис на договор до 2026-та година, а интересно е тоа што ова за него претставува кам-бек во Барселона, бидејќи Ориол е производ на фамозната „Ла Масија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни