Поврзете се со нас

Италија

Занети откри што мисли за сензационалниот трансфер на Дибала: Интер се истакна како клуб кој им верува на Аргентинците

Објавено

на

Хавиер Занети е жива легенда на Интер и по крајот на својата играчка кариера остана во клубот, каде сега има функција на потпретседател и одговара за доста посложени работи.

Поранешниот десен бек е во тесна врска со директорите Марота и Аусилио кога се трансфер операциите во прашање, а дефинитивно најзвучна за нив од почетокот на преодниот рок е онаа со Пауло Дибала.

Аргентинецот стави крај на својата авантура во Јувентус и со солзи во очите се прости од Торино, но сега преговара се сензационален премин во Интер како слободен агент, вест која ја потврди и Занети.

– Дибала во Интер? Вистина е дека има разговор, постојат преговори меѓу двете страни. Дибала е одличен играч и извонредно ќе ја претставува Аргентина на Светското првенство.

– Јас му се восхитувам на Пауло и му посакувам се најдобро во кариерата. Интер е истакнат како клуб кој им верува на играчи од Јужна Америка, а особено на Аргентинци. Сега ги имаме Лаутаро и Кореа и клубот има верба во Аргентинците, ќе видиме што ќе се случи со Пауло, – вели Занети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни