Поврзете се со нас

Италија

Занети: Интер има сериозни финансиски проблеми

Објавено

на

Екипата на Интер по пауза од единаесет години го врати во своите витрини трофејот од Серија А, успех кој донесе голема радост во клубот и меѓу навивачите.

Меѓутоа овој резултат не ги избриша проблемите со кои клубот од Милано се соочува, а за кои отворено зборуваше легендата на клубот и сегашен потпретседател Хавиер Зенети.

– Клубот мина низ сериозни финансиски проблеми во текот на целата сезона. Ние не сме исклучок, бевме блиску до продажба на полусезоната.

-Овие проблеми сè уште се присутни и ќе требаат години да се подобри рамнотежата. Сега треба да направиме долгорочна стратегија што ќе обезбеди стабилност, -рече Занети кој говореше и за Антонио Конте, човекот кој своевремено како играч и тренер освојуваше титули со Јувентус за да сега почне тоа да го прави со „нероаѕурите“.

– На почетокот, имаше малку скептицизам поради неговото минато во Јувентус, но научивме да го сакаме. Од првиот ден тој беше фокусиран и го прифати предизвикот. Донесе работна етика и менталитет, ги убеди најмладите играчи дека неговиот проект функционира. Не минуваше ни ден  за тоа да не размислува како тимот може да напредува, -заклучи Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни