Поврзете се со нас

Свет

Замина од Вардар и кариерата му тргна во надолна линија: Вуко Борозан со трансфер во Азија

Објавено

на

Некогашниот бомбардер на Вардар и црногорски интернационалец, Вуко Борозан си замина од редовите на Веспрем по двегодишниот престој во унгарскиот клуб.

Борозан кариерата ќе ја продолжи во Азија, откако потпиша двегодишен договор со катарскиот Ал Араби.

Ова секако, од спортска гледна точка, е чекор назад во кариерата на црногорскиот ракометар кој од друга страна сигурно ќе заработува повеќе пари во катарскиот клуб.

Борозан уште додека беше во Металург важеше за еден од најнадежните ракометари од Балканот, а по трансферот во Вардар покажа дека може да се развива во правилна насока.

Сепак, неговата одлука да си замине од Скопје на сред сезона и да остане без клуб, а потоа да се приклучи на Веспрем очигледно не беше вистинска, па кариерата на левиот бек тргна во надолна линија за сега да кулминира со негов трансфер во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни