Замената за Сане на СП предизвика бура во Германија: После болен пораз, тој прави селфи (Фото)

germany-kraj

Германската фудбалска репрезентација разочара на своето деби на мундијалот во Русија и прикажа доста негативни работи во поразот од 1:0 кој го претрпе од Мексико, натпревар кој предизвика и голема бура во Германија и поради еден невнимателен потег на неискусниот Јилијан Брандт.

Јоаким Лев порача дека фудбалерот на Баер Леверкузен е повикан на мундијалот на местото на Лирој Сане, а иако вчера крилниот напаѓач понуди два одлични потези откако влезе во игра, по крајот на натпреварот се најде на удар на најтиражниот спортски магазин „Спорт Билд“. Брандт беше уловен како прави селфи со еден фан во моментите кога неговиоте соиграчи со наведнати глави го напуштија теренот, па затоа насловот на магазинот беше доста нападен.

– Неколку секунди по крајот на мечот, ѕвездите на Германија разочарани го напуштаат теренот, фрустрирани и со наведнати глави. Само една личност се смееше. Германија не можеше полошо да го почне мундијалот, а Јулијан Брандт не можеше да направи ништо попаметно од тоа да се смее во камерата на еден фан, – гласеше жестоката порака од страна на „Билд“ медиум за кој Брандт подоцна даде своја кратка изјава.

– Сакав да влезам во тунелот, а тогаш слушнав како едно дете вика по мене. Во тој момент не помислив дека ова може погрешно да се протолкува, – истакна 22-годишниот Брандт.

Facebook Коментари