Поврзете се со нас

Франција

Замената на Кејлор Навас направи аматерска грешка, ПСЖ стартуваше со пораз во новата сезона (Видео)

Објавено

на

Коронавирусот сериозно го нападна ПСЖ и тренерот Томас Тухел вечерва настапи со преполовен тим, а тоа се одрази и на конечниот резултат на првиот натпревар кој го одиграа „светците“ во новата натпреварувачка сезона.

Тухел не може да смета на седум стартери поради коронавирусот и меѓу нив се Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Кејлор Навас, а токму замената на костариканскиот чувар на мрежата кумуваше во првиот пораз на ПСЖ.

Францускиот првак вечерва загуби на гостувањето кај Ленс со 1:0, средба на која пресуди само еден постигна гол, кој дојде по една аматерска и катастрофална грешка на вториот голман.

Марсин Булка му ја подаде топката на противникот Ганаго, а напаѓачот на Ленс немаше проблеми и без потешкотии ја затресе мрежата на гостите.

За Ленс ова беше прва победа на вториот меч во Лига 1, додека ПСЖ дефинитивно изгледа непрепознатливо без најголемите ѕвезди во составот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни