Поврзете се со нас

Македонија

Замалек го „украде“ Хендави од Пелистер, во Битола пристигна унгарски голман

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер остана без услугите на квалитетниот египетски голман Карим Хендави.

Хендави дојде во Битола на почетокот на оваа година и остави одличен впечаток во вториот дел од сезоната. Токму тие партии се очекуваше да ги повтори и во натпреварувачката 2021/2022, меѓутоа тоа нема да го прави во Пелистер затоа што Замалек ја плати клаузулата во неговиот договор и тој се враќа во татковината.

-Сакам да му се заблагодарам на Карим Хендави за професионалноста во периодот минат во нашиот клуб. Неговата желба беше останување во Битола и почитување на договорот и единствена грижа му беше недостатокот на едукација за неговите деца во нашиот град. Египетскиот гигант Замалек ја плати високата откупна клаузула и моравме веднаш да реагираме. Со ангажманот на Мартон Секељи доведовме искусен голман, репрезентативец и верувам дека ќе бидеме компетитивни на голманската позиција, -истакна спортскиот директор, Димитар Митревски.

Поради оди „фармацевтите“ мораа да реагираат и ги обезбеди услугите на унгарскиот репрезентативец Мартон Секељи. Се работи за голман кој во минатата година играше во Порто заедно со Никола Митревски, а претходно има настапувано за Балатонфуреди, Чурго, Татабања и Веспрем.

Тој потпиша едногодишен договор и клубот ќе го претстави кога тој ќе пристигне во Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни