Поврзете се со нас

Италија

Залевски дебитираше со асистенција, Интер избегна пораз од Милан во 93. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Големото миланско дерби меѓу вечните градски ривали донесе нова фудбалска драма како на последните неколку натпревари, но за разлика од она што го видовме на последните два меча, овојпат Интер беше тој кој постигна гол во судиското продолжение.

Милан забележа две победи во низа против Интер со голови во самата завршница, но денеска остана без третата во серија поради фантастичната комбинација на „нераѕурите“ во 93-та минута.

Центаршотот на Бисек мајсторски го примири Никола Залевски, па последното засилување за Интер веднаш дебитираше со асистенција за гол.

Де Вриј се најде на вистинско место и ја смести топката зад грбот на Мењан за 1:1, погодок со кој донесе огромна радост во „сино-црниот“ дел во Милано.

До тој момент, Милан имаше предност од крајот на првиот дел со голот на Рејндерс, но мора да се признае дека Интер заслужено дојде барем до бод, особено ако се знае дека три пати ја гаѓаше рамката од голот.

Бисек, Тирам и Дамфрис немаа воопшто среќа иако го совладаа Мењан, но Интер беше упорен и на крајот стигна до реми со голот на Де Вриј.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни