Поврзете се со нас

Евролига

Залетаната ЦСКА немаше проблеми со Олимпијакос, Фенербахче во Русија стави крај на лошата резултатска серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на ЦСКА Москва ја прославија седмата победа во низа во Евролигата, а најнова нивна жртва беше Олимпијакос кој беше поразен со 19 разлика (80-61).

Фаворитот од четвртина во четвртина ја градеше предноста и патот до нов триумф кој го одбележаа Џејмс со 16 и Шенгелија со 10 поени. Двоцифрени кај грчкиот претставник беа Принтезис и Мартин со по 10 кошеви.

Фенербахче во Русија против Зенит стави точка на лошата резултатска низа, поточно четирите порази во серија. Турскиот клуб загуби од Барселона, Реал Мадрид, Басконија и Валенсија, а токму тоа донесе дополнителна мотивација за да истите се „избришат“ со славје во „Сибур Арена“, цел која избраниците на Кокошков на крајот и ја остварија.

Тимот од Истанбул победи со 73-65, се истакна центарскиот двоец Весели и Бартел, првиот заврши со 17 поени и 4 скокови, вториот со 15 поени и 5 скокови.

Томас и Пангос за домаќините искомбинираа 26 кошеви.

Останати резултати:

Валенсија-Алба 92-100

Милано-Панатинаикос 77-80

Макаби ТА-Црвена Звезда 81-76

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни