Поврзете се со нас

Европски првенства

Закањи: Се надевам дека ќе добијам честитка од мојот идол

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Матија Закањи беше последна измена на Лучано Спалети на вчерашниот натпревар против Хрватска, а фудбалерот на Лацио се покажа како вистински „џокер“ кој малкумина го очекуваа.

Закањи доби топката од Калафиори во 98-та минута и буквално во последната акција го совлада Ливаковиќ со хируршки прецизен удар, погодок со кој им ги скрши срцата на Хрватите, но истовремено прерасна и во национален херој.

Неговиот гол значеше дека бранителот на титулата го продолжува своето патешествие во Германија, а во моменти кога ги доживува најголемите емоции во кариерата, Закањи се потсети и на својот идол.

– Кога постигнав гол, многу слики ми се свртеа во глава. Ова се неверојатни емоции, не се опишуваат со зборови. Најважно е што дадовмее гол и што се пласиравме во осминафиналето. Искрено, не знаев дека тоа е последна шанса на мечот, на крајот испадна последен шут на мечот. Калафиори заврши одлична работа и шутирав на прва, потоа сите играчи завршија врз мене.

– Дел Пјеро беше мојот идол и имав негов постер во мојата соба. Пред да заминеме во Италија, Дел Пјеро го посети репрезентативниот камп и ни посака среќа, а потоа имав можност да зборувам со него и преку Инстаграм. Тоа беше навистина возбудливо за мене, се надевам дека ќе добијам порака од него и после ова, – изјави Закањи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни