Поврзете се со нас

Италија

Закањи посочи каде Лацио го загуби дербито со Рома

Објавено

на

foto:x.com/OfficialSSLazio

Лацио претрпе пораз во големото римско дерби со Рома кое вчеравечер се одигра на „Олимпико“.

„Волчицата“ подобро се снајде и како домаќин на ова соочување триумфираше со 2-0 со погодоците на Салемакерс и Пелегрини. Ова за Лацио беше втор пораз во последните четири натпревари во кои има забележано еден триумф, односно се резултати кои покажуваат пад во формата.

Капитенот Матија Закањи е свесен дека мора да бидат на повисоко ниво и веќе од следниот натпревар, а како причина за поразот во дербито го наведе одиграното во првото полувреме.

-Жалиме за првото полувреме затоа што имавме погрешен пристап и тоа е нешто што не можеме да си го дозволиме во дерби. Сега мора да се вратиме на вистинскиот пат, да се надоврземе на перформансите во вториот дел и да ги кренеме главите. Создадовме многу прилики за гол, но голот не стигна.

-Разочарувачки е за нашите навивачи, кои не бодреа до крај. Мораме да застанеме на нозе и да не фрламе се што направивме досега оваа сезона, -порача Закањи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни