Поврзете се со нас

Европски првенства

Закањи ги „смрзна“ Хрватите во 98. минута и прерасна во голем италијански херој (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Матија Закањи беше можеби најнеатрактивната замена која ја направи Лучано Спалети на денешниот натпревар против Хрватска, но на крајот испадна дека играчот на Лацио е оној кој ја спаси Италија од можно испаѓање од Европското првенство.

Италија беше далеку подобар ривал во првото полувреме и не искористи две извонредни шанси за водство од 1:0, а казната за такво нешто дојде на стартот на вториот дел.

Хрватите добија пенал по играњето со рака на Фратези, но иако Лука Модриќ беше прочитан од Донарума, капитенот веќе во следната акција се извади за нереализираниот пенал.

Лука успеа да го совлада Донарума и донесе голема предност за Хрватска, која до самиот крај изгледашее дека ќе биде одлучувачка за пласман во осминафиналето.

Резултатот 1:0 беше гаранција за нокаут фаза, но на крајот Закањи ги „смрзна“ Хрватите со гол во 98-та минута и буквално во последната секунда донесе реми за својот тим.

Италија како второпласирана патува во следната фаза, Шпанија со перфектни девет бода е првопласирана, а Албанија полека ги пакува куферите и се враќа дома (вечерва загуби од Шпанија 1:0).

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни