Поврзете се со нас

Италија

Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан не забележа ниту една победа во првите три рунди во Серија А, па затоа мечот од четвртото коло против Венеција се прогласи како дуел „да се биде-или не“ за тимот на Пауло Фонсека.

Португалскиот стручњак многу брзо се најде под притисок и почна да игра за својата судбина на „Сан Сиро“, нешто што стана јасно со самата увертира на натпреварот против Венеција.

Верните тифози на Милан му дадоа огромна поддршка на тренерот и на своите миленици, но на пат кон стадион, ги чекаше и порака дека ова е последен повик за освестување.

– Нема повеќе изговори, ова е последна шанса, – гласеа банерите на навивачите на Милан, кои потоа брзо добија одличен одговор на теренот.

„Росонерите“ се прикажаа во најдобро светло вечерва и Фонсека многу брзо почна да се радува на првата победа во италијанскта елита, пред се поради фактот што Милан постигна четири гола во неполн половина час.

Тео Ернандес го отвори резултатот во 2-та минута, Фофана зголеми на 2:0, а потоа од белата точка погодија и Пулишиќ и Ејбрахам. Четирите гола беа постигнати до 29-та минута од мечот, а до крајот не се менуваше резултатот и Милан мирно ги завери првите три бода во новата сезона.

Видео од головите погледнете ТУКА

Ultras held up a banner which read: “Enough excuses, last call,” while cheers and chants rang out from the large crowds.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни