Поврзете се со нас

НБА

Зајон го суреди Далас, Јута и Клиперс ја продолжуваат битката за врвот на Западот (ВИДЕО)

Објавено

на

Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон имаше уште една извонредна партија во НБА лигата и беше клучен играч во триумфот на неговиот тим над Далас Маверикс од 112-103.

Гостите од Тексас настапија без Дончиќ и Порзингис, а тоа знаеја како домаќините да го искористат пред се Вилијамсон кој реализираше 38 поени со 7 скокови и 6 асистенции. Добра поддршка му беа Александер-Вокер со 20 и Инграм со 19 кошеви, а пак кај Маверикс во прв план беше Хардавеј Џуниор со 30 поени.

Јута и Клиперс пак ја продолжуваат битката за самиот врв на Западот, „џезерите“ го добија Мемфис со 126-110, додека клубот од Лос Анџелес беше подобар од Филаделфија со 122-112.

Резултати:

Милвоки – Њујорк 96:102
Минесота – Хјустон 107:129
Вашингтон – Детроит 106:92
Сан Антонио – Чикаго 120:104
Њу Орлеанс – Далас 112:103
Оклахома – Бостон 94:111
Јута – Мемфис 126:110
ЛА Клиперс – Филаделфија 122:112
Сакраменто – Кливленд 100:98

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни