Поврзете се со нас

Балкан

Зајков ќе мора да почека за своето деби во дресот на Левски

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ѓоко Зајков ќе мора да почека за своето деби во дресот на бугарскиот прволигаш Левски.

Тој на 16 август беше промовиран како нов играч на клубот од Софија и се очекуваше веднаш да добие шанса со оглед на тоа што „сините“ играат многу лошо во актуелнава сезона и досега на 5 средби имаат примено 10 голови со што се тим со втора најслаба одбрана во лигата зад ЦСКА 1948 Софија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека стоперот има проблеми со работната виза и поради тоа нема да биде во комбинација ниту за дуелот против Берое на 28 август.

Се очекува тој да добие зелено по паузата за репрезентации, а првата шанса по тоа е гостувањето во Пловдив кај Локо закажано за 11 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни