Поврзете се со нас

Репрезентација

Зајков: Ги воочивме грешките од мечот со Хрватска, потребен ни е…

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација веќе се подготвува за средбата со Чешка која на 10.јуни ќе ја одиграме во Храдец Кралове.

Тоа е уште една селекција која ќе настапи на Европското првенство што доволно говори за нејзиниот квалитет, потенција, односно е најава дека не очекува нов голем предизвик по оној со Хрватска.

Против Хрватите не се прославивме и загубивме со 3-0, меч кој веќе е анализиран, грешките се утврдени и дефанзивецот Ѓоко Зајков верува дека ќе се прикажене во далеку подобро светло со Чесите.

-Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба.
-Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката која што ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално, -порача Зајков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни