Поврзете се со нас

Шпанија

Зајадлива „Ел Класико“ провокација: Гави влезе во игра за да му се потсмева на Винисиус (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона го нокаутираше Реал Мадрид во второто полувреме и постигна четири гола во мрежата на Лунин, па во ситуација кога беше јасно кој ги носи бодовите од „Сантијаго Бернабеу“, Ханси Флик на теренот го стави и омилениот играч меѓу фановите на Барса.

Гави се врати после 11 месеци и веќе собра мала минутажа пред големото дерби, а иако имаше улога на епизодист вчеравечер, сепак изгледа самиот си зададе јасна мисија за петте минути кои ги мина на теренот.

Играчот за врска веднаш доби жолт картон поради тоа што со раце го влечеше Винисиус Жуниор, но бидејќи уште во минатото имаше спорни ситуации со Бразилецот, сега реши да го искористи моментот за да испрати зајадлива провокација.

Гави ги воодушеви фановите на Барселона со својата реакција по клинчот во кој влезе со противникот, бидејќи кога се оддалечуваше од него, го потсетуваше на четирите „парчиња“ кои ги прими Реал на домашен терен.

– 4:0….., – јасно со рака покажуваше Гави кон својот ривал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни