Поврзете се со нас

Италија

Заинтересираните клубови на готовс, Наполи принуден да го продава Кулибали за поволна сума

Објавено

на

Калиду Кулибали е еден од дефанзивците кои се најбарани на трансфер пазарот во последните неколку години.

Досега, првиот човек на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис одолеваше на сите напади и не го пушташе Кулибали да си оди од клубот за сума помала од сто милиони евра.

И сега контроверзниот прв човек на Наполи најавуваше дека нема да го пушти својот играч за сума помала од сто милиони евра, но како што стојат работите сепак ќе мора да го стори тоа.

Имено, весникот близок до Наполи „Ил Матино“ јавува дека финансиската состојба во Наполи е крајно лоша и дека клубот ќе мора да се ослободува од играчите кои имаат големи примања.

Кулибали заработува по седум милиони евра годишно и е прв кој би можел да го напушти клубот ова лето. Наводно сега Наполи ќе прифати да го продаде Кулибали за сума од 45 милиони евра, сума која е и тоа како прифатлива за заинтересираните тимови.

Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се тимовите кои подолг период ја следат ситуацијата со сенегалскиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни