Поврзете се со нас

Македонија

Захариевски ќе го наследи Радовиќ на клупата на Воска Спорт

Објавено

на

Foto: FB/F.C Voska Sport

Македонскиот прволигаш Воска Спорт реши да ја заврши соработката со Милјан Радовиќ, а се очекува негов наследник да биде Срѓан Захариевски.

Радовиќ заминува по осум месеци на функцијата и тоа по само едно одиграно коло во пролетниот дел од првенството, во кое Воска Спорт загуби убедливо на гостувањето кај Шкупи.

Во моментов охридскиот клуб има само два бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров и Вардар, кои се на последните две позиции на табелата.

Захариевски веќе има големо искуство во Првата македонска фудбалска лига, а последниот ангажман му беше во редовите на Струга Трим Лум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни