Македонија
Захариевски ги доби првите две засилувања како тренер на Вардар (Фото)
Вардар видно го измени првиот тим во споредба со минатата сезона и направи низа промени на речиси сите позиции, но засега тоа не вроди со плод и „црвено-црните“ заминаа како последни на табелата на репрезентативна пауза.
Турбулентниот период во клубот донесе и две тренерски смени во краток временски интервал, па така по заминувањата на Михаилов и Петрески, Срѓан Захариевски е тој што ќе го „гасне пожарот“ во најтрофејниот македонски колектив.
Вардар мора да излезе на прав пат за да избегне нова борба за опстанок оваа сезона, а Захариевски уште на првиот тренинг вети максимално залагање, со напомена дека истото ќе го бара и од новите фудбалери.
Срѓан не селектираше ниту еден играч од актуелниот тим и допрва ќе види со што располага, но денеска ги доби и првите летни засилувања откако е тој шеф на стручниот штаб.
Вардар се пофали со ангажманите на Немања Босанчиќ и Рушту Јонус, двајца фудбалери кои играат на централната позиција во средниот ред.
-
Балканпред 20 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Дида за Фонсека и Ибрахимовиќ: Потребно му е време на тренерот, Златан…
-
Балканпред 11 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Балканпред 23 часа
Првенче во новата кампања: Алими стрелаше во победата на Сепси (ВИДЕО)
-
Светпред 12 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Светпред 24 часа
Видал во свој стил: Тој е идиот, изгледа…
-
Шпанијапред 8 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
ВТАпред 24 часа
Ѓорческа ќе игра полуфинале во двојки на турнирот во Словенија