Заха не покажа милост и го посрамоти Јанг на „Олд Трафорд“ (Видео)

zaha-junajted

Вилфред Заха секогаш е еден од најопасните играчи во редовите на Кристал Палас, а иако денеска не беше стрелец на ниту еден од двата гола со кои гостите остварија голема победа на „Олд Трафорд“, крилниот напаѓач и тоа како им создаваше проблеми на противничките дефанзивеци.

Покрај тоа што учествуваше во акцијата со која Кристал Палас стигна до 1:2 во 93-та минута, Заха направи и вистинско шоу во првото полувреме, а во истото голема жртва беше искусниот Ешли Јанг кој испадна смешен и падна на земја во обид да го задржи Заха.

Facebook Коментари