Поврзете се со нас

Свет

Загрижувачката изјава на Французинот стана вирална: Јас сум мртов, Пол Погба повеќе не постои (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Пол Погба доби драконска четиригодишна суспенезија од анти допинг комисијата за зголемено количество тестостерон во неговиот организам, па иако Французинот најави дека ќе ја обжали истата на повисока инстанца, засега мора да се помири со фактот дека е надвор од играта која најмногу ја сака.

Погба често е споменуван во француската јавност во ситуација кога актуелно е Европското првенство, турнир на кој Пол често знаеше да го прикаже своето најдобро лице, особено поради фактот што функционираше беспрекорно во тимот на Дидие Дешамп.

Играчот за врска дефинитивно оствари големи успеси како репрезентативец во ерата на Дешамп, а сега во период кога им недостасува на дел од фановите кои силно го поддржуваат националниот тим, вирална стана и изјавата која ја има дадено во неодамнешното интервју.

Погба говори за големата суспензија која ја доби, а тоа го прави навистина на суров начин со што најдобро покажува колку тешко се справува со овој процес.

– Готов сум, јас сум мртов….. Пол Погба веќе не постои…., – гласи изјавата на Погба, која денеска доби посебно значење поради видео компилација од неговите најдобри денови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни