Поврзете се со нас

Англија

Загревањето на Халанд од „Итихад“ стана вирален хит: Рој Кин беше во право (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Рој Кин испорача брутална порака за техничките квалитети на Ерлинг Халанд и заклучи дека Норвежанецот на моменти изгледа како четвртолигашки фудбалер, особено во друштво на останатите играчи на Манчестер Сити кои се извонредно технички потковани.

Легендата на Манчестер Јунајтед заклучи дека Халанд е најдобриот играч во светот пред голот, но говорејќи генерално за неговата техничка игра, посочи дека изгледа како фудбалер од Лига 2 во Англија.

Овие негови зборови предизвикаа многу реакции на Островот и фановите се поделија околу мислењето на Ирецот, а неколку дена подоцна, се појави едно видео кое дава уште повеќе на значење на ставот кој го сподели Рој.

Од стандардната шева-вежба на загревањето, слободно може да се заклучи дека Халанд има навистина проблеми со техничкиот дел кога ја прима и додава топката, па фановите почнаа да пишуваат дека Кин бил сосема во право.

– Рој Кин беше во право кога кажа дека изгледа како четвртолигашки играч…… Добар стрелец, лош играч…….. Додава како голман……. Халанд е доказ дека не е иста работа да бидете „Златна топка“ и најдобар голгетер во Европа……., – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни