Атлетика
Загревање за треил-сезоната: „Трка за вино и љубов“ во Неготино

На 18.2.2023 година (сабота), во 10:00, пред Планинарскиот дом „Дедо Иљо Јанчев“, во Горни Дисан, Неготино, ќе се одржи „Треил трка за вино и љубов“, прва од ваков тип во Неготино.
„Треил трката за вино и љубов“ е инспирирана по примерот на винските трки во Франција и Италија, а замислена да биде малку забава и повеќе дружење со што ќе се излезе од рамките на класичните траил трки со цел да се ужива во природата и да се започне денот со радост. Последниот зимски, а првиот пролетен празник Св. Трифун, пак, беше инспирацијата од која произлезе оваа трка чија крајна цел е промоција на винскиот крај на Горни Дисан и Неготино. И затоа мотото на трката е: „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.“
– Патеката е околу 6,5 километри со 300 метри висинска разлика. Малку ќе се искачуваме на почетокот, а потоа се симнуваме. Ги охрабруваме сите што сакаат да учествуваат , бидејќи очекуваме да дојдат и луѓе кои не само што сакаат да трчаат, туку и да уживаат во природата. Досега има преку 50 пријавени учесници, но најавени се уште повеќе гости кои ќе дојдат на прошетка и да го запознаат регионот,- изјави Сунчица Арсовска.
Натпреварувањето е составен дел на трката, но предност има забавата и за прв пат во една трка не е најважно да стигнеш прв туку поважно е учесниците да застанат на двете окрепителни станици каде што ќе дегустираат од понудата на поддржувачите на трката винариите Максимилија, Марков и Венец, Пчеларникот Шишкови и др.
Трката е во организација на ДЕКОНУС ДООЕЛ-Скопје, Општина Неготино и Планинарското друштво ,,Free hikers” од Неготино.
Повеќе информации за трката на следниот линк https://runnerspot.com/event/GorniDisan
Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон