Поврзете се со нас

Светски првенства

Загрепска арена ја „проголта“ моќната Франција: Хрватска издоминира и ќе игра финале на СП!

Објавено

на

Хрватска влезе како аутсајдер во дуелот со моќната Франција во првото полуфинале на Светското првенство, но носени од страшната поддршка од преполната „Арена“ во Загреб, избраниците на Дагур Сигурдсон направија голем подвиг и успеаја да го совладаат моќниот тим на Гијом Жил.

„Коцкестите“ одиграа нестварно и прилично перфектно прво полувреме во кое воодушевија со својата полетност и агресивност, а сето тоа направи да бидат „проголтани“ и големите француски ѕвезди во пеколната атмосфера во салата.

Хрватска почна да се одлепува по 22 минути игра кога поведе со 15:7, многу брзо стигна и до максимални „плус девет“, па на тој начин си го трасираа патот до големото финале, иако Франција не планираше да се откаже.

Тимот на Гијом намали на „минус седум“ до паузата и почна да ја топи предноста во вториот дел, но сепак недоволно за да се влезе во френетична и неизвесна завршница. Хрватите успеваа да го одржуваат водството на солидни „плус три“ и ниту еднаш разликата не се симна под оваа граница, па благодарение на своето вонсериско издание сосема заслужено ја урнаа големата Франција и се пласираа во големото финале кое во недела се игра во Осло.

На крајот, натпреварот заврши 31:28 и тоа носи петто мундијалско финале за Хрватска, или вкупно десетто на големите ракометни турнири.

Кузмановиќ со извонредни 14 одбрани беше херој во дефанзивен поглед, додека Срна и Јелиниќ импресионираа во офанзивен дел со седум погодоци, следени од Мараш и Главаш со по четири и три погодоци.

Во францускиот табор, Мем постигна осум голови, а разочарувачки настап имаше Ремили кој го заврши мечот со само една реализација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни