Загитова направи сензација на ЗОИ 2018: Со 15 година освои златен медал (Видео)

Alina Zagitova

Алина Загитова од Русија направи сензација со освојување на првото место на Зимските Олимписки Игри во ПјонгЧанг. Таа со само 15 години успеа да ги остави позади себе главните фаворитки за првото место во синг уметничко лизгање.

Младата Загитова со овој успех успеа да и го донесе на својата земја и првото злато. По освојувањето на златниот медал,  запрашана од новинарите за нејзиниот успех, таа не можела да се соземе од радост и целата треперела.

-Се уште не ми се верува. Станав олимписка шампионка, а не ни очекував. Да бидам искрена, го направив тоа што го тренирав. Пресреќна сум и многу сум возбудена, – изјави младата Русинка.

Позади Загитова, се пласираа со освоен сребрен медал Евгенија Медведова од Русија и  Кетлин Озмонд од Канада.

Facebook Коментари