Карате
Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на Светската карате лига
Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронзени медали на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана.
Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни победи и еден пораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во соочувањето за бронзениот медал, тој силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија.
Стефан Стојановиќ, исто така, забележа три победи и пораз, а преку репасаж стигна до борба за третата позиција. Во репасажот славеше против Богдан Трикос од Србија со 1-0, а за бронзата ќе се бори со Махди Ашури (Иран).
Соочувањата за бронзените медали ќе се одвиваат утре (недела, 1 октомври).
Првиот ден високи пласмани остварија и каратистите на „Макпетрол“, Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ. Мојсовска освои седмо место, а Божовиќ доби шанса во репасажот, но неговата борбата заврши во корист на претставникот на Колумбија. При резултат 2-2, Божовиќ загуби затоа што противникот прв освои поен и членот на „Макпетрол“ се пласира на деветтата позиција.
Денеска на турнирот во Кипар настапуваат Симона Заборска (-55 кг.) и Давид Петков (-67 кг.).
-
Репрезентација16 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства3 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација19 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства5 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација17 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор