Заборавете на Меси, Роналдо, Салах… ова ќе биде играчот кој ќе го одбележи СП во Русија

rusija

Остануваат часови до почетокот на Светското првенство во Русија кое официјално ќе биде отворено утре со мечот меѓу домаќинот и репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Со таа средба ќе започнат возбудувањата кои ќе траат еден месец, месец во кој љубителите на фудбалот очекуваат вистинско уживање и квалитетен фудбал исполнет со голови. Многумина од нив очекуваат во центарто на вниманието да бидат ѕвездите како Меси, Роналдо, Салах, Кејн… меѓутоа според некогашниот германски репрезентативец Какау овој настан ќе биде одбележан од Марко Ројс.

-Марко Ројс ќе биде играч на турнирот. Тој е топ интернационален играч кој може да дрибла, екстремно брз и многу силен во завршницата. Мило ми е што Ројс конечно ќе го доживее неговото прво Светско првенство и се надевам дека ќе остане во форма, што значи значително подобрување на квалитетот за тимот, -порача Какау.

Facebook Коментари