Поврзете се со нас

Италија

Заборавениот Деле Али се избори за договор со клуб од Серија А

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/dele

Деле Али пред неколку години важеше за еден од најдобрите англиски фудбалери, играч кој блескаше во Тотенхем, но потоа дојде еден лош период во кој се раздели со „петлите“, ама не успеваше да се пронајде ниту во Евертон, ниту во Бешикташ.

Во изминатиов период тој тренираше и работеше во калчолигашот Комо каде по се изгледа го убеди тренерот Сеск Фабрегас дека е подготвен за предизвикот, односно дека може да му помогне на клубот.

Последните вести кои доаѓаат се дека Англичанецот ќе добие договор до 2026 година со опција за уште една сезона во зависност од способноста и настапите.

Тоа нема да биде единствено засилување за Комо кој ќе го добие и левиот бек на Барселона, Алекс Вале кој досега беше на позајмица во Селтик каде на 18 средби забележа 5 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни